Меси и Лаутаро ѝ го расипаа празникот на Ангола! (ВИДЕО)
Овој меч беше дел од прославата „50 години незавиност на Ангола“. Претседателот на Ангола, Жоао Лоренцо и неговата сопруга Ана Диаш Лоренцо се сликаа со дресови од Меси пред почетокот на дуелот.
Навивачите кои беа присутни на натпреварот немаа прилика да прослават гол на нивната репрезентација.
Резултатот беше отворен во финишот од првото полувреме кога по асистенција на Меси, Лаутаро погоди за водство на Аргентина од 1-0.
Во 82. минута двајцата си ги променија улогите, овојпат Лаутаро асистираше до Меси, а тој погоди за водство од 2-0.
Фото: ЕПА