Зверев пак е шокиран, Оже Алијасим оди во полуфиналето

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим оствари голем успех откако првпат во кариерата се пласира во полуфиналето на завршниот турнир во Торино.

Во директниот дуел за второто место во групата, тој го совлада Александер Зверев со 2-0 (6-4, 7-6) и утре ќе се сретне со првиот светски рекет Карлос Алкараз. Иако во два сета, мечот траеше повеќе од два часа, а Оже-Алијасим ги искористи сите грешки на Зверев кој којзнае кој пат во кариерата потврди дека е исклучително лабилен и потклекнува под притисок.

Покрај пласманот во полуфиналето, Оже-Алијасим си обезбеди скок на петтата позиција што ќе биде негов најдобар пласман во кариерата. Ако направи изненадување и го освои трофејот во Торино, ќе го прескокне и Новак Ѓоковиќ кој е на четвртото место.