Нов кикс на Партизан - изгуби од најслабиот тим во Евролигата

Тукушто се чинеше дека се враќа на победнички патеки, Партизан повторно ги разочара своите навивачи на натпревар од Евролигата.

„Црно-белите“ го доживеаја седмиот пораз сезонава во елитното натпреварување, но овој најмногу боли бидејќи е доживеан од најлошиот тим во Евролигата, Асвел. кој се наоѓа на последната позиција, славеше пред своите навивачи со 88-87 и ја прекина серијата од четири порази во Евролигата.

Иако дојде како фаворит, Партизан водеше само на почетокот со 2-0 и во последната четвртина во која најмногу отиде на 77-73. Сепак, во последните две минути Асвел направи 11-2, гостите имаа неколку почетнички грешки и тоа скапо ги чинеше.

За денешниот кикс Партизан ќе мора да се „вади“ против акуелниот европски првак Фенербахче, идниот петок на домашен терен.