Хрватска по седми пат во историјата ќе игра на светските првенства (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска и официјално го обезбеди пласманот на претстојниот Мундијал откако вечерва на домашен терен ги совлада Фарски Острови со 3-1.

Тоа ќе биде четврто учество по ред и седмо вкупно на светските првенства за „коцкестите“ кои од осамостојувањето го пропуштија само шампионатот во Јужна Африка во 2010 година. Во овој циклус, од седум натпревари досега освоија 19 бода и го продолжија континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

На Хрватите им беше потребен бод против аутсајдерот, па можеби поради тоа влегоа лабаво во натпреварот. Фарски Острови го искористија тоа и поведоа во 16. минута со голот на Тури. Седум минути подоцна израмни Гвардиол, а во второто полувреме погодија Муса и Влашиќ, па домаќините ја оправдаа фаворитската улога и не дозволија изненадување.

Хрватска е 30. репрезентација која обезбеди пласман на Мундијалот, а трета од Европа, по Франција и Англија.

Речиси обезбеден настап на Мундијалот има и Холандија која денеска ја исполни своката цел и освои бод на гостувањето кај Полска (1-1). Германија во последното коло ќе одлучува за својата судбина бидејќи на домашен терен има директен дуел за првото место против Словачка.

РЕЗУЛТАТИ
Финска - Малта 0-1
Гибралтар - Црна Гора 1-2
Хрватска - Фарски Острови 3-1
Луксембург - Германија 0-2
Полска - Холандија 1-1
Словачка - Северна Ирска 1-0