Бомба од Мадрид: Флорентино Перез го напушта Реал!
Долгогодишниот прв човек на најславното спортски друштво во светот планира да си замине во 2026, две години пред крајот на неговиот сегашен мандат, објавува новинарот Пепе Алварез. Според него, 78-годишниот Перез сака уреден трансфер на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдум или не.
Перез првпат стана претседател на Реал Мадрид во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година, трае до ден-денес. За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб по седум пати беше шампион на Европа, на Шпанија и исто толку пати го освои европскиот Суперкуп.
Во тој период, кошаркарскиот тим освои седум титули во АЦБ лигата, три титули во Евролигата и седум трофеи во Копа дел Реј. Перез е синоним за модернизација на Реал Мадрид - не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот Сантијаго Бернабеу и глобалната експанзија на брендот. Многу веројатно, фактот што во март ќе наполни 79 години е една од најголемите причини за одлуката да си замине. Сè уште не е познато кој би можел да го наследи.