Меси го нема, Интер Мајами доживеа дебакл (ВИДЕО)

Лионел Меси го пропушти и третиот натпревар откако се повреди минатата недела, а без него Интер Мајами доживеа тежок пораз во дербито на Флорида, од Орландо.

Домаќините славеа со 4-1, а Интер Мајами пропушти шанса да се искачи на табелата иако има уште можности за тоа бидејќи е со три натпревари помалку од ривалите. Ноќешниот меч беше втор во МЛС на кој не играше Меси и во овие два натпревари, Интер освои само еден бод.

По 45 минути игра резултатот беше 1-1, но во вториот дел Орландо постигна три гола и го скрши отпорот на гостите. Блескаше поранешниот фудбалер на Аталанта, Луис Муриел кој постигна два гола, Охеда еднаш се запиша во листата на стрелците, а точка стави хрватскиот интернационалец Марко Пашалиќ.