Мегваер пак „блеска“ - урнебесен центаршут против Велс (ВИДЕО)

Ако некој е посебно на тапет кај англиската јавност, без сомнение тоа е Хари Мегваер, најскапиот дефанзивец од Манчестер јунајтед, кој во последен период игра ужасно лошо.

Но, од стартот на Светското првенство, Мегваер не игра лошо за Англија, нема направено глупост, ама некој потег не може да им избега на сеирџиите, како денешниот со Велс во „островската пресметка“.

Мегваер тргна во напад, дојде во ситуација за центаршут, ама... Ја рогна топката за никој воопшто да нема шанса да направи нешто во т.н. „центаршут“.