
Марадона погребан без срце: Лекарите биле без зборови кога виделе колку е големо!
Најугледниот аргентински весник повикувајќи се на информации од истрагата, објави дека на Марадона на обдукцијата му било извадено срцето, откако лекарите и форензичарите приметиле дека тоа било многу поголемо во однос на тоа што очекувале и наводно во договор со семејството, било извадено за научни испитувања и дополнителни испитувања.
Марадона почина во средата попладне по македонско време од срцев удар, само две недели откако беше пуштен од болница после операцијата на главата на хематом за да се спречи крварење во мозокот. Според официјалниот наод на обдукцијата, Марадона починал во резиденцијалната вила каде бил на рехабилитација, од „конгестивна и хронична срцева инсуфиенција“ и тој проблем довел до „акутен едем на белите дробови, а сето тоа заврило со смртен исход“.
„Срцето на Марадона е абнормално и затоа е извадено поради дополнителни истражувања, зашто е двојно поголемо од тоа што е вообичаено“, објави „Кларин“