Манчини го објави списокот – Балотели се враќа во репрезентацијата на Италија!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, го објави првиот список од 30 играчи за пријателските средби, на кои се наоѓа и напаѓачот на Ница, Марио Балотели, првпат по четири години.

Балотели последен пат за Италија играше на Светското првенство во Бразил во 2014. година. Досега одигра 33 натпревари за италијанската репрезентација и постигна 13 гола.

Манчини, кој го тренираше Балотели во Интер и Манчестер сити, од понеделникот е поставен за нов селектор, неколку часа откако го напушти Зенит.

Селекторот повика пет нови играчи, а тоа се дефанзивецот на Челси, Емерсон Палмиери, дефанзивецот на Аталанта, Матија Калдара, Данијеле Басели од Торино, Роландо Мандрагор од Кротоне и напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди.

Голмани: Џанлуиџи Донарума (Милан), Матија Перин (Џенова) и Салветоре Сиригу (Торино).

Дефанзивци: Леонардо Бонучи (Милан), Матија Калдара (Аталанта), Доменико Кришито (Зенит), Данило Д’Амброзио (Интер), Матија Де Шиљо (Јувентус), Емерсон Палмиери (Челси), Алесио Ромањоли (Милан), Даниеле Ругани (Јувентус) и Давиде Запакоста (Челси).

Средина: Данијеле Басели (Торино), Џакомо Бонавентура (Милан), Брајан Кристанте (Аталанта), Алесандро Флоренци (Рома), Жоржињо (Наполи), Роландо Мандрагор (Кротоне), Клаудио Маркизио (Јувентус) и Лоренцо Пелегрини (Рома).

Напаѓачи: Марио Балотели (Ница), Андреа Белоти (Торино), Доменико Берарди (Сасуоло), Федерико Бернардески (Јувентус), Федерико Кјеза (Фиорентина), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Матео Политано (Сасуоло), Симоне Верди (Болоња) и Симоне Заза (Валенсија).