Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна две места на ФИФА листата!

Македонската фудбалска репрезентација падна две места на најновата ФИФА-листа и сега се наоѓа на 69. позиција во светскиот поредок.

Ремито со БиХ (0-0), како и убедливиот пораз од Турција (0-4), осетно влијаеја врз рејтингот на нашиот национален тим. Пред Македонија сега се најдоа селекциите на Зеленортски острови и Обединетите Арапски Емирати, кои ја искористија можноста да напредуваат.

Промени има и на самиот врв на светскиот фудбал. Актуелниот светски шампион, Аргентина, повторно е број еден, откако ги прескокна Франција и Шпанија. Шпанците сега се втори, додека Французите паднаа на третото место. Во Топ 10 уште се наоѓаат и Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.