Лудо полувреме во Лондон: Фулам му даде три гола на Ливерпул! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фулам играат фантастично прво полувреме против Ливерпул во кое постигнаа дури три погодоци.

Не изгледаше дека натпреварот ќе се одвива во ваква насока кога Мекалистер по 14 минути игра со удар од далечина донесе водство за лидерот на табелата во Премиер лига.

Фулам израмни во 23. минута преку Рајан Сесењон за потоа на сцена да стапи Ивоби.

Нигериецот прво самиот се запиша во листата на стрелци во 32. минута, а пет минути подоцна му асистираше на Родриго Муниз за 3-1.