Ливерпул го губи трпението: Киеза пред заминување

Италијанецот, Федерико Киеза своевремено важеше за најдобар италијански фудбалер и еден од најдобрите во Европа, токму тој ги предводеше „Аѕурите“ до титулата на Европското првенство во 2024 година, но денес е далеку од таа форма.

По одличните настапи Киеза си обезбеди трансфер во Јувентус каде што исто така добро започна, меѓутоа потоа се појавија проблемите со повредата.

Во таква ситуација целосно отпадна од тимот и Тијаго Мота од доаѓањето на клупата јасно порача дека нема да смета на него. Како шанса да продолжи да се натпреварува на највисоко ниво се појави Ливерпул.

Ливерпул ризикуваше и го доведе и според актуелните бројки ризикот не се исплатеше. Киеза одигра само 78 минути и запиша една асистенции. Медиумите на Островот пренесуваат дека Италијанецот не може да се навикне на физичкиот напор кој е потребен да се игра во Премиер лигата.
Неодамна во јавноста на таа тема зборуваше и стратегот на „црвените“, Арне Слот.

„Тој доаѓа од Серија А каде што се игра со помал интезитет. Се бори да дојде до потребното ниво, но разочарувачки е кога гледам како мора да прескокнува тренинзи“, изјави Слот.

Последните најави од Англија се дека Ливерпул го губи трпението и наскоро би можел да се реши да се ослободи од него.