Ѓоковиќ доби свој часовник вреден речиси 60.000 евра (ВИДЕО)
Познатиот бренд на часовници „Hublot“ изработи часовник кој ќе го носи името на српскиот тенисер и кој ќе содржи „дел“ од најдобриот тенисер во светот.
Во прашање е модел кој го доби името „Hublot Big Bang Unico x Novak Djokovic“. Часовникот е посебен по тоа што е направен од рециклирани маици и рекети кои Ѓоковиќ ги користел во текот на сезоната.
Часовникот ќе биде во лимитирана серија и ќе се произведат само 100 примероци. Неговата тежина е само 49.5 грама. За споредба едно тениско топче тежи 56 грама.
Во овој момент часовникот има вредност од неверојатни 54.900 евра.