Роналдо: Ќе живеам 100 години, ама не знам дали ќе играм заедно со синот!
Иако е на чекор до петтата деценија од животот, Роналдо особено блеска во репрезентативниот дрес на Португалија. Во неодамнешно интервју, тој откри дека верува во својата долговечност.
„Наполнив 39 години, но ви велам - ќе живеам 100 години“, изјави Роналдо.
На прашањето дали би сакал да игра во иста екипа со својот син, како што оваа сезона го стори кошаркарот Леброн Џејмс со својот син Брони, Роналдо не беше дециден.
„Има 14 години, ќе видиме како ќе издржат моите нозе“, одговори Португалецот.
Роналдо во 2023 година постигна вкупно 54 голови, а оваа сезона во дресот на Ал-Наср има 10 голови и три асистенции на 15 натпревари. За репрезентацијата на Португалија, досега одигра 215 натпревари и постигна неверојатни 135 голови, со што ја зацврсти својата позиција како еден од најголемите стрелци во историјата на фудбалот.