Левандовски прифатил трансфер во Манчестер Јунајтед!

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски и денеска како фудбалер на Барселона важи за еден од најдобрите во светот, а призна дека во 2012 година можел да го облече дресот на Манчестер јунајтед.

Во кариерата Левандовски настапуваше уште за Борусија Дортмунд и Баерн и во таа 2012 година постигнал договор со „црвените ѓаволи“, но трансферот го спречил неговиот тогашен клуб.

„Имав разговор со претседателот. Ми кажа дека сум важен фудбалер на тимот и дека не е вистински момент да заминам“, се потсети Левандовски.

Полајкот една година подоцна играше и финале со Борусија Дортмунд, меѓутоа признава дека жали што не соработувал со Сер Алекс Фергусон.

„Му кажав „да“ на Ферги. Ми беше убаво во Дортмунд, но јунајтед во тоа време беше во самиот врв на европскиот и светскиот фудбал. Навистина жалам што не соработував со Сер Алекс“, изјави Левандовски.