
Лев жестоко удри поради идејата на ФИФА: Тоа ќе биде премногу!
Во јавноста пред неколку дена се појавија најави дека ФИФА повторно размислува за проширување на Мундијалот на кој оваа година ќе учествуваат 48 селекции. Лев сега истакна дека уште пред шест месеци за првпат слушнал за таквата идеја.
„Пред шест месеци слушнав дека ФИФА сака да реализира таков план. Но, веќе со 48 репрезентации се губи квалитетот. Здравјето и квалитетот на фудбалерите секогаш мораат да бидат на прво место. Ваквата идеја е критична, едноставно е премногу“, истакна Лев кој со Германија го освои Мундијалот во 2014 година.
Светското првенство кое следи во САД ќе биде прво со 48 репрезентации. Ќе потсетиме. Мундијалот во 2030 ќе се игра во дури шест земји (Португалија, Мароко, Аргентина, Уругваај, Парагвај).
Фото: German Football/X