
Легендарниот Каниџа: На Марадона не му требаше дрога за да игра подобро!
Каниџа открива што се случувало по позитивниот допинг-тест, по што кажа дека на Марадона не му била потребна дрога за да игра на врвно ниво.
„Тестот го уништи. Дојдов во неговата соба и го прегрнав. Плачевме и двајцата. Се чувствуваше предадено, иако беше во врвна физичка форма. Го земал тој производ затоа што мислел дека станува збор за витамини. Да бидеме јасни, на Марадона не му требаше дрога за да игра подобро“, вели Каниџа за „Кориере дело Спорт“.