Легендарен мексикански голман веднаш по СП стави крај на богатата кариера (ВИДЕО)

Легендарниот мексикански голман, Гиљермо Очоа (40 години) и официјално стави крај на својата богата играчка кариера, исполнувајќи го она што го најави за време на СП 2026.

Тој во пензија заминува како прв голман во историјата кој настапил на шест Мундијали, достигнување што меѓу фудбалерите го имаат само уште Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Последниот настап во кариерата го имаше на натпреварот против Чешка (3-0), кога влезе во игра во 76. минута и беше испратен со овации од сите присутни навивачи.

По објавата за пензионирање, Очоа се збогуба со фудбалот со емотивна порака на социјалните мрежи.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе го живеам овој сон. Денес, кога ќе погледнам наназад, можам само да кажам – благодарам. Благодарам на моето семејство, на соиграчите и на секој навивач што беше дел од ова патување. Милиони од вас го одбележаа мојот живот и сум спокоен затоа што секогаш го давав максимумот за Мексико. Она што го доживеавме заедно никој никогаш не може да ни го одземе. Ви благодарам од срце“, напиша Очоа.

За мексиканската репрезентација настапи на 153 натпревари, а во Европа бранеше за Ајачо, Малага, Стандард Лиеж, Салернитана и АЕЛ Лимасол. Очоа ќе остане запаметен како еден од најхаризматичните и најомилените голмани на својата генерација, човек чии одбрани на Светските првенства со години беа заштитен знак на мексиканската репрезентација.