Куртоа: Можев да бранам до крај, но селекторот реши да ме повлече од игра!
Голманот на Белгија беше повлечен од игра поради повреда во 71. минута од натпреварот, а на теренот го замени Сене Ламенс, кој не се прослави на голот.
„Почувствував болка при исфрлање на топката. Му кажав на стручниот штаб дека имам болка, иако немав проблем да останам на голот. На крајот селекторот реши да ме повлече од игра. Не се лутам затоа што екипата е над сè“, кажа Куртоа по поразот.