Милан донесе дефанзивец од Лацио, ќе профитира и Реал
Шпанецот е второто ново засилување за „росонерите“, кои претходно го потпишаа напаѓачот Гонзало Рамос од Пари Сен Жермен.
Гигантот од Милано ќе плати 25+5 милиони евра за централниот дефанзивец. Половина од вкупната сума или 15 милиони евра, ќе одат кај неговиот поранешен клуб Реал Мадрид. Од друга страна, Хила потпиша договор на пет сезони со плата од 4,5 милиони евра и уште 1 милион евра во бонуси.
Хила пристигна на „Олимпико“ пред четири години, кога Лацио му плати на Реал Мадрид 6 милиони евра за 50% од неговите права. Оттогаш, тој има 120 настапи, постигнувајќи два гола.