Ѓоковиќ призна дека бил немоќен против Синер: Ме разнесе!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата во полуфиналето на Вимблдон.

Тој беше поразен од Јаник Синер со 0-3 и втора година по ред не успева да најде противигра за првиот светски рекет.

„Не знам што можев да направам поинаку. Ме разнесе“, рече Ѓоковиќ и се осврна на тоа дали повторно ќе игра во Лондон: „Би сакал да се вратам барем уште еднаш, ќе видиме.“

Тој накратко ја анализираше својата и играта на противникот кој в недела против Зверев ќе го брани трофејот на Вимблдон.

„Во секој удар беше едно ниво подобар од мене. Не бев доволно остар, не реагирав брзо, не бев во вистинската рамнотежа. Лани не очекував многу. Сега сум физички добро. Не најсвеж, но... Беше доминантен и многу подобар играч на теренот. Секако дека сум разочаран, сакав да го освојам Вимблдон, но тој беше подобар од мене. Тешко е да се прифати тоа кога ќе излезеш од теренот. Не мислам дека направив премногу грешки. Беше солиден во сите сегменти од играта, неговиот сервис стана огромно оружје откако ја промени техниката“, рече Ѓоковиќ.

Ако идната година одлучи пак да игра на овој турнир, српскиот тенисер ќе настапи со полни 40 години.