Јамал веднаш ја загреа атмосферата: Ако Франција треба да се плаши од некого, тоа сме ние
Во вторник од 21 часот ќе се сретнат Франција и Шпанија во реприза на полуфиналето од Европското првенство во 2024, а ова ќе биде трета година по ред во која ќе се судрат овие две репрезентации бидејќи играа и во полуфиналето на Лигата на нации лани. Од двете претходни пресметки, како победник излезе Шпанија, па поради тоа Ламин Јамал упати ситна провокација до Французите пред нивниот дуел.
„Мислам дека ако Франција треба да се плаши од некого, тоа сме ние, бидејќи ние сме тие што ги нокаутиравме. Не чувствуваме никаков страв од нив. Никој не е подобар од нас кога игра отворено, сите се повлекуваат“, смета Јамал.
На двата претходни натпревари против Франција, тој постигна по еден гол и беше клучен за победата на шпанскката репрезентација. Освен тоа, фудбалерот на Барселона вечерва ја доби наградата за играч на натпреварот со Белгија што дополнително му ја крева самодовербата пред завршницата од Мундијалот.