
Крај на сагата: Милан го договори фудбалерот кој има и македонски пасош
Милан долго време преговараше со Клуб Бриж и на крајот според последните информации, белгискиот клуб прифатил сума од 39 милиони евра.
Понуди за Јашари кој зад себе има одлична сезона во дресот на Бриж пристигнуваа и од Премиер лигата и Бундеслигата, но пресудила неговата желба да го облече дресот на „росонерите“.
До крајот на оваа недела се очекува Јашари да пристигне во Милано каде што ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договор со италијанскиот гигант.
Покрај Бриж, Јашари во кариерата настапуваше само уште за швајцарски Лузерн каде и што ја започна кариерата, а во Белгија пристигна минатото лето.
Сезоната во првенството во дресот на Клуб Бриж ја заврши со 25 натпревари во кои постигна два гола и подели четири асистенции.