Кошмарна ноќ за Салах: Египќанецот го пропушта Мундијалот

Вечерашното финале во Лигата на шампиони за Мохамед Салах се претвори во вистински кошмар, откако мораше предвреме да го заврши натпреварот поради повреда.

Египќанецот со нетрпение го очекуваше финалето во елитното европско натпреварување, а токму на натпреварот против Реал требаше да ја заврши сезоната на најдобар можен начин, но на крајот се случи сосема спротивното.

Салах во првото полувреме го повреди рамото и со солзи го напушти теренот, а сега се појавија информации по светските медиуми дека би можел да го напушти Светското првенство во Русија.

Тоа во јавност го објави Ден Роун од „Би-Би-Си“, но уште нема официјални информации, па во текот на утрешниот ден се очекува официјална информација од Ливерпул.