Корејски Сеул доби жестока парична казна за секс-куклите како навивачи на трибините

Корејски Сеул доби жестока парична казна од дисциплинската комисија на федерацијата поради сглупоста што ја направи, па на празните трибини нареди секс-кукли како декор за мечевите во првенството кое после пандемијата се играат без гледачи.

Федерацијата го казни Сеул со 75.000 евра поради навреда на навивачките, а во образложението федерацијата посочила дека ако сакале да имаат навивачки на трибините, во счучајов импровизирани, можеле да набават кукли од продавници за гардероба, а не секс-играчки.

„Дисциплинската комисија реши жестоко да го казни клубот бидејќи ова е сериозен инцидент со кој длабоко се повредуваат женските и семејните навивачи“, објави федерацијата.

Клубот претходно веќе се извини за глупоста што ја направи, а се вадеа дека тие не ни знаеле дека се работи за „производи за возрасни“.