Колинда му честиташе на Модриќ за освојувањето на „Златната топка“ (ВИДЕО)

Ѕвездата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ, постигна големи успеси во 2018 година, а тоа го круниса со освојувањето на „Златната топка“.

Денеска му беше доделена престижната награда, која ја доделува „Франс Фудбал“, а веднаш по примањето на „Златната топка“ се јави претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Колинда не можеше да се појави во Париз, но затоа се јави преку видео линк и му честиташе на капитенот на Хрватска.

„Дами и господа и драг Лука, во име на Хрватска и во мое лично име сакам да ти се заблагодарам на тебе и цела репрезентација на Хрватска на вашиот историски успех. Тоа ни го врати оптимизмот, верата и чувството на победа, а сега стана идол и инспирација за нашите деца., бевме тука со тебе во сите моменти и те кренавме тебе и останатите хрватски фудбалери на место кое ви припаѓа“, порача Колинда.