
Катар ќе ги сместува навивачите на СП на – џиновски крузери!
Станува збор за два брода кои имаат капацитет од 4.000 кабини, во кои ќе се сместуваат навивачите, а бродовите се изнајмени од една компанија во Женева и наскоро домаќинот ќе треба да објави како ќе се сместуваат љубителите на фудбалот на крузерите.
Засега не е познато како ќе може да се резервира соба на бродот, а најавено е дека во брзо време ќе биде пуштена интернет-страница каде сите заинтересирани ќе може да се информираат и да направат резервација.
Само останува дилемата кој сè ќе може да резервира, најмногу од причина да не се судрат навивачи од земји со „големо хулиганско искуство“, па проблемите допрва да бидат поголеми.