Капитенот на Нигерија на СП за млади си измислил клуб и никогаш не бил пријавен за фудбалер!?

Голем скандал може да ја стресе ФИФА и актуелното Светско првенство за млади до 20 години кое се игра во Аргентина, откако капитенот на Нигерија е - „фантом“!

Станува збор за Даниел Бамеји, кој има 17 години и пријавен е дека е член на клубот Јум Јум во Нигерија. Арно ама капитенот на Нигерија не е регистриран во нигериската федерација, со тоа ни во ФИФА, а најсмешно од сѐ е – Јум Јум не постои како клуб.

Неверојатно е што Бамеји од октомври лани бил повикуван за селекцијата до 23 години, оваа до 20 години, ама и за А-селекцијата во пријателски меч со Костарика. Бил повикан и за квалификациите за Африканскиот куп на нации, во март годинава, против Гвинеја Бисау, но не играл.

„Избран е зашто е дефанзивец кој може да игра и како стопер и како десен бек. Секако, можеби има играчи кои се и на повисоко ниво, ама јас бирам фудбалери кои се квалитет за одредена позиција“, вели селекторот Жозе Песеиро.

Според одредени нигериски новинари, Бамеји е учичен фудбалер. Игра фудбал на улица, ама имал многу моќен менаџер зад него, кој му остварува сѐ што ќе посака. И сето ова сега води кон стариот и горчив проблем кој веќе децениски се провлекува. Дали Бамеји има 17 години воопшто.

„Клубот Јум Јум е измислен, не постои. Момчето игра на улица, а моќен менаџер го внел во репрезентацијата“, рврдат новинари.

Сега ФИФА е на потег тотално да го истражи случајот, зашто не е ни прв, а нема да биде ни последен пат со лажирањата со годиштата во младинскиот фудбал во африканските селекции.