Капело не им верува на Јужноамериканците – фаворити на СП му се две европски селекции!
Според него, токму овие две селекции моментално го поседуваат највисокиот технички квалитет и најкомплетен состав.
„Франција и Шпанија се главните фаворити. Располагаат со највисоко ниво на техничка извонредност,“ изјави Капело.
Италијанецот сепак не ги отпиша останатите европски гиганти, па со внимание ја спомена и Англија под водство на Томас Тухел, за која смета дека може да биде сериозен фактор на турнирот.
„Ме интригира Англија со Тухел. Германија имаше пад во формата и ќе биде интересно да се види како ќе се развиваат,“ додаде тој.
Капело дури потоа ја спомна Јужна Америка, истакнувајќи ја Бразил како селекција која секогаш мора да се земе предвид, особено под водство на Карло Анчелоти.
„Имам симпатии кон Бразил на Анчелоти. Тој има неверојатен карактер и брзо се адаптира на секоја средина, а тоа не е лесно во Бразил,“ нагласи Капело.
ФОТО: X / @MilanEye