Камерунци и Ганци плаќале за место во репрезентацијата за да играат на СП во Катар

Голема афера го потресе африканскиот фудбал, откако во две од петте селекции од „црниот континент“ имало фудбалери кои на списокот кај селекторите влегле откако – платиле за место.

Како што објави шпанскиот новинар Рамон Молина, Камерунци и најмалку еден Ганец платиле за да добијат место меѓу 26-те фудбалери во своите селекции за да бидат дел од Мундијалот во Катар.

„Одредени фудбалери на Камерун и Гана плаќале за да играат на СП. Некои од нив платиле само за да бидат дел од тимот, не и да играат“, објави Молина.

Според информациите, засега идентитетот се знае само на еден играч од Гана, Баба Рахман, кој на овој начин сакал да си обезбеди трансфер од Челси во посилен клуб и поради плаќањето од селекцијата отпаднал Џефри Слуп од Кристал Палас.

Не е познато точно колку Камерунци и Ганци платиле, а засега не се познати ни имињата на фудбалерите. Интересно е што Ригоберт Сонг, селекторот на Камерун, кога го читаше конечниот список за СП, не го знаеше 26-от фудбалер и урнебесно го прочита, па новинарите го поправаа и сега тој можеби е еден од „допишаните“ кои дале пари за местото во репрезентацијата.