Како да нема крај на лошите вести: Продолжува кошмарот за Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми со повредени фудбалери и тренерот Карло Анчелоти во овој момент не може да смета на неколку важни првотимци.

Веќе е познато дека сезоната за Едер Милитао заврши со повредата против Осасуна, додека претходно слична повреда заработи и Дани Карвахал кој исто така нема да го гледаме на терените оваа сезона.

Но, во Мадрид не се само тие во овој момент во „аут“. Првичните информации за Родриго и Лукас Васкез беа дека Васкез се враќа за три, а Родриго за четири недели, меѓутоа изгледа не е така.

Последните информации од Шпанија говорат дека Родриго ќе паузира околу шест недели и тоа значи дека 2024 година за него е завршена. Васкез од друга страна би требало да паузира еден месец со што би се вратил во некој последните натпревари во годината.

Повредени исто така се Алаба и Чумани, па Анчелоти во овој момент располага само со еден здрав стопер и тоа е Антонио Рудигер. На сето тоа „кралевите“ ги чека и тежок натпревар против Ливерпул во Лигата на шампионите на 27 ноември.

Во тој дуел покрај Рудигер во одбраната најверојатно ќе играат младиот Асенсио, Ферлан Менди и по потреба Феде Валверде.