Јамал вечерва ќе добие признание, но тоа нема да биде „Златната топка“!?

Вечерва ќе биде познат добитникот на „Златната топка“ за 2026 година, а во пресрет на церемонијата се појави интересна информација која не оди во корист на еден од главните фаворити.

Новинарот Санти Оваље објави дека Пау Кубарси нема да патува на церемонијата, што отвора можност Ламин Јамал да ја освои наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер во светот.

Досега не се случило еден фудбалер да ги освои двете признанија. Јамал веќе двапати по ред, во 2024 и 2025 година, беше прогласен за најдобар млад играч, па сега повторно е меѓу кандидатите за оваа награда.

„Изгледа дека Пау Кубарси не е на списокот, што би можело да биде навестување за тоа кој нема да го освои ‘Копа трофејот’. Ако Кубарси не го освои, сè упатува на Ламин. Досега никогаш не се случило освојувачот на ‘Копа’ воедно да ја освои и ‘Златната топка’“, изјави Оваље.

Ако овие информации се покажат како точни, тогаш победникот треба да се бара помеѓу Мбапе и Кејн.

Францускиот напаѓач имаше извонредни индивидуални бројки и беше најдобар стрелец во повеќе натпреварувања, вклучувајќи ги Светското првенство, Ла Лига и Лигата на шампионите, но не успеа да освои ниту еден од овие трофеи.

Од друга страна, Кејн зад себе има одлична сезона, во која со Баерн Минхен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија, а со своите настапи сериозно се наметна во трката за престижното признание.

Церемонијата која за првпат ќе се одржи во Лондон почнува во 20:00 часот.