Втор триумф за нашите фудбалски надежи во Баку - падна Малта!

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години денеска славеше победа од 3-1 против Малта во четвртиот натпревар Светското првенство во формат 7+1 во Баку.

Стрелци за Македонија беа Доротеј Христов во 24. минута, Стефан Стојаноски во 29. и Дин Рожајац во 32. минута. Единствениот гол за Малта го постигна Деклан Замит во 13. минута.

За Македонија која на турнирот е предводена од селекторот Горан Станковски ова беше втора поебда, по триумфот во првото коло над Панама од 4-1. Во преостанатите два дуели ремизиравме со Кенија 2-2 и загубивме од Чад со 2-1.

До крајот на групната фаза ќе одиграме уште еден натпревар против Нигер.