Партизан и официјално остана без тренер - веќе се знае кој ќе ги спасува црно-белите!
Легендарниот капитен, а сега веќе поранешен тренер, ја остава екипата од Хумска во незавидна позиција, на десеттото место на прволигашката табела со само 11 освоени бодови, колку што има и ОФК Београд, кој се наоѓа една позиција подолу. Зад црно-белите во моментов се пласирани само екипите на Мачва со десет, Раднички Ниш со осум и Земун со шест бодови.
Поради новонастанатата ситуација, денешниот планиран тренинг на екипата е целосно откажан, а во моментов останува непознато кој ќе го води тимот на одложениот натпревар од Суперлигата против Раднички во Ниш, кој треба да се одигра кон средината на оваа недела. Ова беше вкупно третпат Илиќ да понуди оставка на тренерската позиција, но за разлика од претходните ситуации кога остануваше на клупата добивајќи силна поддршка од навивачите, овој пат одлуката е конечна.
Раководството на Партизан експресно реагираше на неговото заминување, најавувајќи ја промоцијата на новиот тренер за денеска во 13 часот. Неофицијално, тоа ќе биде Александар Станојевиќ, за кого тоа би било четврто враќање во црно-белиот табор.