Голманот на Вардар најави победничко збогување од Лигата на шампионите!
Скопскиот клуб веќе ги загуби сите математички шанси за пласман во следната фаза од елитното натпреварување, неодамнешната убедлива победа на гостувањето кај францускиот Нант донесе одлична и позитивна атмосфера во таборот на „црвено-црните“. За разлика од домаќините кои ќе играат растеретено, екипата на Мелсунген доаѓа во Скопје со силен резултатски императив бидејќи сè уште се бори за пласман во следната рунда.
Голманот на Вардар, Милош Валах на денешниот прес потенцираше дека и покрај елиминацијата, екипата е максимално мотивирана да ја израдува домашната публика и победнички да ја заокружи европската сезона пред претстојните важни предизвици.
„Го играме нашиот последен меч во ЛШ. За нас шансите се загубени, а Мелсунген игра за да помине понатаму. Сепак сакаме да завршиме со две победи сезонава и гладни сме по мечот со Нант. Се подготвуваме бидејќи е многу важна недела пред нас и се надевам дека ќе завршиме со победа“, изјави Валах.
Натпреварот се игра во „Јане Сандански“ со почеток од 18.45 часот.