Јамал измисли нова прослава – самиот се круниса за крал! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона денеска славеше убедлива победа од 7-3 на пријателскиот натпревар против Сеул, а два гола во овој натпревар постигна Ламин Јамал кој го привлече вниманието и со својата нова прослава.

Имено, шпанскиот репрезентативец по прославата со соиграчите пред камерите симулираше ставање круна на својата глава веројатно сакајќи да покаже дека уште сега се смета себе си за „крал“.

Нема дилеми дека очекувањата од него се големи, но останува да видиме во годините кои следат дали младиот фудбалер истите ќе ги оправда.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @lamineyamal