Извлечени паровите за четвртфиналето во ФА Купот: Астон Вила најдобро помина

По вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам во кој „црвените ѓаволи“ беа елиминирани одржана беше ждрепката за четвртфиналето во ФА Купот

На ждрепката на хартија најдобро помина Астон Вила која ќе игра против Престон кој е единствениот клуб во оваа фаза кој не е дел од Премиер лигата. Фудбалерите на Манчестер сити ќе се соочат со Бормут, Фулам ќе  ги одмери силите против Кристал Палас, додека Брајтон го чека победникот од подобриот во дуелот помеѓу Нотингем Форест и Ипсвич.

Натпреварите од ФА Купот на програмата се на 29 март. Веќе е познато дека сезонава ФА Купот ќе има нов освојувач бидејќи минатата година триумфираше Манчестер сити.

Финалето се игра на „Вембли“ на 17 мај.