„Изгледаме како геј фудбалери, во розе маички“
Клубот е на 17-то место и се бори за опстанок, но сето тоа падна во втор план поради изјавата на Брага за време на прес-конференцијата. Додека ја фалеше работата на спортскиот директор Андрес Д'Алесандро, Брага опиша разговор во соблекувалната и пренесе нешто што го нарече „шега“:
„Се пошегував со играчите и директорот. Реков: Не сакам мојот тим да тренира во розови дресови, изгледаме како геј тим“, рече Брага, осврнувајќи се на розовите дресови што ги носат играчите на тренинзите.
Изјавата дојде во време на голема внатрешна тензија во клубот. Тешкиот пораз од Васко (1-5) претходниот ден доведе до отпуштање на Рамон Дијаз и му отвори врата на Брага да се врати на клупата која ја напушти во 2022 година. Зборовите на Абел Брага предизвикаа силни реакции низ целиот свет. Медиумите во Шпанија, САД, Аргентина, Велика Британија и Италија го опишаа инцидентот како скандал, несоодветен и шокантен испад, пишува бразилскиот CNN.
Шпанскиот АС објави дека во Бразил избувнал „скандал“, нагласувајќи дека тренерот веќе предизвикал контроверзии на својата прва прес-конференција и дека наскоро ќе мора да се извини. Американскиот Њујорк Тајмс ја нагласи тежината на неговите зборови за време на коментарите за розовите тренерки на Интернационал. Весникот го репродуцираше најконтроверзниот дел од изјавата и објасни дека терминот што го користел тренерот се смета за хомофобична навреда во Бразил. Аргентинскиот TyC Sports го опиша коментарот како „скандалозен и хомофобичен“, потсетувајќи дека изјавата дошла веднаш по тешкиот пораз против Васко. Порталот наведува дека „шегата“ на Брага предизвикала веднаш негодување кај навивачите и лавина од реакции на социјалните мрежи. Британскиот Индепендент напиша дека првото појавување на тренерот во медиумите „брзо се претворило во контроверза“. Исто така, се наведува дека Брага се вратил од пензија за да се обиде да го спаси клубот од испаѓање, но место тоа се нашол во меѓународните наслови поради навредлива изјава. Италијанскиот Ил Месаџеро пишува дека по изјавата на Брага за розовите дресови „предизвика контроверзи во земјата“. Таблоидот Сан го нарече случајот „криза во менаџментот“.
По бурната реакција од јавноста, Абел Брага објави извинување на социјалните мрежи. Тој призна дека згрешич и додаде дека „боите не го дефинираат полот, туку карактерот“.
„Навивачи и навивачки, признавам дека мојата изјава за розовата боја беше несоодветна. Пред да се прошири понатаму, сакам да се извинам. Боите не го дефинираат полот - она што ги дефинира луѓето е карактерот. На Интер му треба мир и многу работа. Напред, Интер!“, напиша Брага.