Изборија директен пласман на Мундијалот, но нема да заиграат во Катар!?

Бразил, Аргентина, Уругвај и Еквадор изборија директен пласман на Мундијалот во Катар, додека Перу треба да игра бараж против победникот од дуелот меѓу Обединетите Арапски Емирати и Австралија, но сепак една од репрезентациите најверојатно нема да заигра на големиот спортски настан.

Чиле се жали со Дисциплинската комсија на ФИФА, па би можело да се случи невидено сценарио со тоа што Еквадор би останал без место на Светското првенство (СП) затоа што наводно лажирал документи за фудбалерот Давид Кастилјо, кој одигра осум меча во квалификациите.

Во доказите кои беа објавени на интернет може да се забележи дека Кастилјо е роден на 25 јули 1995 година во Колумбија, а не на 10 ноември 1998 година во Еквадор.

Дека има нешто мистериозно во потеклото на Кастилјо покажува и изјавата на Фудбалскиот сојуз на Еквадор од минатата година, кој лани кажа дека не би му дозволил да игра за нвната селекција.

Судот во Еквадор е органот кој му ја издал личната карта на Кастилјо и така му овозможи да игра за репрезентацијата, но Чиле ќе се обиде да докаже дека вистината е поразлична.