Иранец четири дена дремеше на аеродром, па даде гол вреден - пласман на СП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Иран ќе настапи на Светското првенство (СП) годинава во Катар, што ќе биде трето по ред мундијалско учество за оваа селекција, откако денеска победија во клучниот меч и тоа против најголемиот ривал Ирак со минимални 1-0.

Иранците до доволен број бодови дојдоа на три кола пред крајот на квалификациите, во кои досега имаат шест победи и само едно реми, доволно да се продолжи доминацијата во Азија. Јунак кој долго време ќе биде славен е фудбалерот на Порто, Мехди Тареми, кој беше стрелец на победничкиот погодок и тоа откако пристигна на само 12 часа пред натпреварот. Причина за тоа беше фактот што четири дека беше заглавен на аеродромот во Истанбул, кој беше затворен поради големите снежни врнежи.

За Иран ова ќе биде вкупно шести настап на едно СП.