Интер не го победи Монтереј, херој на Мексиканците беше Серхио Рамос (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер не успеаа да запишат победа на стартот од Светското клупско првенство и одиграа само 1-1 против Монтереј.

Вицешампионот на Европа влезе во натпреварот како голем фаворит, но екипата од Мексико предвдена од ветеранот Серхио Рамос одигра одлично и заслужено освои бод.

Токму 39-годишниот Рамос по 25 минути го доведе Монтереј до водство кога со глава го матираше Јан Зомер.

Но, радоста на Монтереј не траеше долго бидејќи во 42-та минута Лаутаро Мартинез по асистенција на Карлос Агусто израмни на 1-1.

Во продолжение двете екипи имаа по една голема шнса за победа, Монтереј можеше да постигне гол во 64. минута, но Серхио Каналес ја погоди стативата, додека на спротивната страна Мартинез пропушти голема прилика во 77. минута.

На крајот средбата заврши со поделба на бодовите, а за играч на натпреваарот беше прогласен Рамос.

Во второто коло Интер ќе игра против Урава, додека Монтереј ќе оди на Ривер Плата. Во вториот натпревар од оваа група, Ривер лесно ја совлада Урава со 3-1.F

Фото: Rayados/X