„Инфантино е мегаломан, фудбалот го претвори во машина за правење пари!“

Поранешниот претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА), Сеп Блатер остро го критикуваше својот сонародник Џани Инфантино.

Блатер неславно го заврши својот мандат на чело на ФИФА, кој траеше дури 17 години, откако беше обвинет за корупција во 2015 година.

„Инфантино стана мегаломан. Сака да го претвори фудбалот во голема машина за правење пари. Светско првенство со 48 репрезентации, проектот Гол, кој е променет затоа што сака трипати повеќе пари. Поголемо светско клупско првенство, со 24 екипи, дури и женскиот Мундијал беше проширен на 32 тима“, критикува Блатер.