Има ли полудо од ова: Босанец уплатил 50.000 евра дека Хрватска ќе стане светски првак (ФОТО)

Дека на Балканот има „луди глави“ одамна е познато, ама во целата мундијалска еуфорија која регионов го крена на нозе со успехот на Хрватска, тешко дека може да се најде збор за еден Босанец, кој мајсторски погодил дека „коцкестите“ ќе стигнат до финале и сега сите пари ги ставил на Хрватска да стане светски првак. А, само кога ќе слушнете колкава сума уплатил, ќе ви се сврти во глава – 50.000 евра!

Неименуваниот Босанец пред стартот на СП се обложил со, ни помалку ни повеќе, 5.252 конвертаблни марки (околу 2.600 евра) дека Хрватска ќе се пласира во финале. Уште тогаш многумина му се смееле дека џабе „фрлил“ толкави пари, ама Модриќ, Ракитиќ, Субашиќ успеале да го израдуваат и обезбедија финале. Погодил коефициент од 15 и заработил 79.547 марки (околу 40.000 евра).

Но, кога сите помислиле дека се збогатил барем за балкански услови, тој се надминал себе и ги изненадил сите. Заработените пари ги ставил на победа на Хрватска во финалето и уште додал плус 15.000 евра (30.000 конвертабилни марки). Сè на се уплатил 110.000 марки (55.000 евра), а само една обложувалница му ја примила целата уплата.

Уплатил четири ливчиња со вкупно 100.000 марки, а уште едно од 10.000 марки на кое победата на Хрватска ја врзал со победа на Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал на Вимблдон. Ако Хрватска стане светски првак ќе освои 270.000 марки (135.000 евра), а ако победи и Ѓоковиќ во Лондон уште 48.600 марки. Што значи максимум може да освои 318 илјади конвертавилни марки или 180 илјади евра.