Хулигани со топовски удари ги „плашеле“ Хрватите, грчки медиуми велат – протестирале против федерацијата!?
Според информациите од Грција, детонации од топовски удари и петарди неколкупати одекнале откако завршиле 15-те минути отворени за медиумите од тренингот на Хрватска, а грчките медиуми потенцираат дека се работи за навивачи на Олимпијакос, на чиј стадион ќе се игра утрешниот меч.
Наводно, навивачите на Олимпијакос се незадоволни што дуелот се игра на нивниот стадион. Според грчките медиуми, тоа што одеклнувале детонации, било во знак на протест против Грчката фудбалска феерација, затоа што таа е во лоши односи со нивниот клуб во последно време. Затоа и имале „акција“, зошто не сакале Грција да игра на „Карасикис“.
За дуелот кој треба да биде само формалност, по победата на Хрватска со 4-1 во Загреб, продадени се 28 илјади билети, но од јужниот сосед се најавува најмногу до 15 илјади гледачи да го следат овој реванш на кој само чудо може да ги однесе Грците на Мундијалот.