Хрватска стана великан – само 13 земја во светот во финале на СП!

Хрватската генерација 1998 заминува во историјата, две децении по успехот во Франција, откако новата генерација избори финале на 21-от Мундијал во Русија и со тоа „коцкестите“ станаа само 13-та земја на светот која стигнала да игра во најважниот фудбалски меч.

До Хрватска вкупно 12 земји играле барем едно финале, од кои осум се радувале барем еднаш на пехарот, а четири биле губитници во најважниот меч. Хрватска е 13-та земја, а десетта од Европа, сооглед дека три јужноамерикански селекции имаат финалиња и трофеи (Бразил, Аргентина и Уругвај).

Најтрофеен е Бразил со пет титули од седум финалиња, Германија и Италија имаат по четири титули со тоа што Германиците колку што победиле, толкупати и загубиле (осум финалиња), а Италијанците играле уште во две на кои биле поразени. Аргентина и Уругвај имаат по два трофеи, со тоа што „гаучосите“ уште трипати загубиле, а Франција, Англија и Шпанија имаат по еден трофеј и од оваа тројка Франција има уште едно загубено финале и едно кое в недела ќе го игра.

Од друга страна, вечен губитник е Холандија со три загубени финални мечеви, а по два имаат поранешна Чехословачка и Унгарија. Едно загубено финале има и Шведска.