Хрватска со пресврт ја суреди Словачка и обезбеди пласман на ЕП (ВИДЕО)

Германија успеа да слави со убедливи 4-0 против Белорусија на домашен терен, додека Хрватска со неверојатен пресврт славеше со 3-1 против Словачка и обезбеди пласман на Европското првенство.

Словачка беше на праг на сензација во Хрватска, откако водеше со 1-0 во првото полувреме, но во вторите 45 минути се сменија работите. Домаќините за само четири минути направија целосен пресврт, откако преку Власиќ во 56. минута израмнија, а во 60. Петковиќ погоди за 2-1. Во 74. минута и Перишиќ се запиша во листата на стрелци, па ги постави конечните 3-1.

Германците поведоа преку Гинтер во 41. минута, а на стартот на второто полувреме беше решена дилемата за победникот, откако Горецка и Крос зголемија на 3-0. Во финишот од мечот, Крос со својот втор погодок зголеми на конечни 4-0.

На останатите натпревари Израел загуби од Полска со 1-2, Македонија беше поразена од Австрија со 1-2 и Северна Ирска одигра 0-0 против Холандија.