Хит сцена од САД - замрзна брадата на Жиру! (ФОТО)

Екстремни минусни температури го погодија САД каде што во претходните два дена започна и сезоната во МЛС лигата.

Во тешки услови играше Лионел Меси кој успеа да постигне гол и да донесе победа за Интер Мајами против Кансас Сити.

Но, не му беше лесно ниту на Оливие Жиру кај кого ладното време повеќе можеше да се забележи. На социјалните мрежи брзо станаа вирални фотографиите од замрзната брада на францускиот напаѓач.

Жиру настапи на гостувањето кај Колардо Рапидс во поразот на неговиот Лос Анџелес ФК со 2-1.