Хет-трик на Мбапе: Најдобар стрелец во Ла Лига, ЛШ и на Мундијалот!
Многумина велат дека Килијан Мбапе имал лоша сезона. Факт е дека Французинот не освои ниту еден трофеј, но како индивидуалец го направи своето во сите натпреварувања.
Мбапе ја освои „Златната копачка“ на Светското првенство со десет постигнати голови.
Беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 15 голови, а беше број еден и во Ла Лига со 25 постигнати погодоци.