Хавиер Маскерано и официјално се пензионираше

Поранешниот аргентински фудбалер Хавиер Маскерано реши да се повлече од активното играње на 36 години. Негов последен клуб беше Естудијантес. 

Тој е фудбалер со најмногу настапи за Аргентина во историјата и на прес-конференција на Естудијантес објави повлекување од професионалниот спорт. 

„Сакам да објавам дека денеска официјално се повлекувам од играњето фудбал. Сакам да му се заблагодарам на клубот што ми даде шанса да ја завршам својата кариера во Аргентина“, рече Маскерано.

Својата богата фудбалска кариера ја започна во Ривер Плејт во 2003 година и по две години направи трансфер во Бразил во редовите на Коринтинјанс заедно со Карлос Тевез. Двајата потоа преминаа во Премиерлигата во таборот на Вест Хем. Во 2007 година Маскерано потпиша за Ливерпул, каде играше три сезони, а потоа премина во Барселона. На „Камп Ноу“ играше осум години, а последните две сезони во кариерата ги играше во Кина во Хебеи Чајна Фортјун и Естудијантес во својата татковина.

За репрезентацијата на „гаучосите“ одигра 147 натпревари постигнувајќи три голови.