Хаос во Бразил: Фудбалерите на Бока јуниорс се тепаа со полицијата (ВИДЕО)

Неверојатен скандал се случи за време на осминафиналниот меч од Копа Либертадорес меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс. Натпреварот заврши без голови, но во пенал-рулетот Бразилеците беа поуспешни, а на гостите од Аргентина со контроверзна одлука им беше поништен гол.

Тоа беше доволно за да се случи тепачка на теренот во која учествуваа фудбалерите на двата тима, раководството на Атлетико Минеиро, членови на обезбедувањето и полицијата.

Полицијата на крајот уапси осум фудбалери на Бока јуниорс, а медиумите објавија дека морал да реагира и амбасадорот во Аргентина за потоа да ги пуштат ѕвездите на аргентинскиот тим.